Стотици руски оклопни возила кои се упатуваат кон Киев во моментов се во „застој“ на патот, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на САД, Џон Кирби, пренесува Би-би-си.
-„Според нашите најдобри проценки, тие не постигнаа значителен напредок во последните 24 до 36 часа“, рече Кирби на брифингот во Пентагон во средата.
Тој рече дека доцнењето е можеби затоа што силите „се прегрупирале и го преиспитале напредокот што не го постигнале и како да го надоместат изгубеното време“.
Тој додаде дека фактори се и „логистичките и одржливи предизвици“ и „отпорот на Украинците“.
Непроверени извештаи покажуваат дека на војниците им снемува гориво и храна. Официјални лица во регионите кои потпаднаа под руска власт тврдеа дека војниците ги ограбувале супермаркетите во потрага по намирници и дека недостасуваат оброците што ги обезбедува армијата.