Што се случува со „ФОН“ на Сефер Цановски, професорите четири месеци без плата, дел од нив го напуштаат Универзитетот?!

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Првиот приватен универзитет-ФОН во сопственост на Фијат и Сефер Цановски финансиски на стаклени нозе, но и на пат да остане без високо наставниот кадар, кој четири месеци не добива личен доход!

Дел од професорите со кој контактираше редакцијата Охридскај потврдуваат дека веќе четврти месец немаат примено личен доход, но и дека ваквата пракса на раководството на универзитетот трае во континуитет.

-„Од една страна сопствениците тераат раскошен живот и гламур, возат возила од милиони евра, а од друга страна обврските спрема професорите и другите вработени по основ на личен доход, а и надохнади по други основи веќе четири месеци не се исплаќаат. Неразбирливи се и државните институции како УЈП, доколку некоја фирма не подели личен доход, истата се блокира по автоматизам, што не е случај со универзитетот ФОН. Од страна на раководството нема никакво образложение,а поголем дел од професорите се спремаат да си заминат од универзитетот“,нагласува соговорникот за Охридскај.

С.Д.

Share This Article