More

    Шпанија испрати дополнителни 3,5 милиони евра помош за УНРВА, Борел ја осуди одлуката на одредени земји да престанат да ја финансираат агенцијата

    spot_img

    Шпанија ќе испрати дополнителни 3,5 милиони евра помош за агенцијата на ОН за бегалци УНРВА, изјави денеска министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, пренесува Ројтерс.

    Агенцијата предупреди на значителен недостиг од финансирање бидејќи неколку големи донатори го прекинаа финансирањето откако Израел обвини 12 вработени на УНРВА за вмешаност во нападот на Хамас на 7 октомври во јужен Израел.

    Мадрид даде 18,5 милиони евра директно на УНРВА во 2023 година, вклучително и 10 милиони евра одобрени во декември поради влошената хуманитарна криза на територијата откако Израел ја започна својата воена офанзива.

    Претходно на оваа тема зборуваше и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, кој предупреди дека стопирањето на средствата за УНРВА ќе биде „несразмерно и опасно“.

    Веднаш по обвинувањата, десетина земји, вклучително и САД и Британија, го прекинаа финансирањето на агенцијата, која го отпушти обвинетиот персонал додека другите работници се водат за исчезнати во конфликтот, а еден работник е пријавен за мртов.

    Борел, коментирајќи го замрзнувањето на финансирањето на агенцијата, рече дека „таков непропорционален одговор би било тешко да се замисли на друго место“.

    „Доколку некои лекари во некоја европска болница беа вклучени во криминални активности, ќе имаше темелна истрага и ќе беа преземени сите соодветни дејствија. Но, ниту една влада никогаш не би престанала да ја финансира здравствената услуга, затоа што тоа првенствено би ги казнило луѓето кои ги добиваат тие услуги. Злосторствата на поединци никогаш не треба да доведат до колективно казнување на целото население“, подвлече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img