Шефот на ФБИ откри детали од истрагата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

20-годишникот осомничен за обид за убиство на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Интернет пребарувал информации за атентатот на Џон Ф. Кенеди, изјави шефот на ФБИ, Кристофер Вреј.

– Анализата на лаптоп кој истрагата го поврзува со напаѓачот откри дека на 6 јули тој пребарувал на Гугл информации за тоа колку далеку бил Ли Харви Освалд од Кенеди – рече Вреј во сведочењето пред Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом.

– Тоа е истиот ден кога се чини дека се пријавил за митингот во Батлер – посочи Вреј додавајќи дека осомничениот Томас Крукс потоа станал „многу фокусиран на претседателот Трамп и неговиот предизборен митинг“.

Поранешниот претседател Кенеди беше убиен од Ли Харви Освалд на 22 ноември 1963 година во Далас, Тексас.

Вреј рече дека Крукс, помошник во старечки дом, испукал најмалку осум куршуми со муниција од кров во близина на митинг на 13 јули, погодувајќи го републиканскиот претседателски кандидат во увото, убивајќи еден од учесниците на митингот и ранувајќи двајца други.

– Крукс користел пушка АР-15 со склопувачка кундак, што би објаснило зошто на луѓето можеби им било потешко да забележат – рече Вреј.

Сè уште не е познат мотивот за атентат. Вреј објасни дека многу луѓе го опишале Крукс како осаменик и дека листата на контакти во неговиот телефон е кратка.

Вреј, исто така, им кажа на пратениците дека Крукс управувал со дрон на околу 180 метри од бината каде Трамп им се обраќал на толпата и емитувал 11 минути снимка во живо околу два часа пред настанот.

Тој рече дека во автомобилот и во домот на Крукс биле пронајдени примитивни експлозивни направи дизајнирани да се активираат од далечина. Крукс имал предавател со себе во моментот на пукањето, додаде Вреј. Но, тој рече дека ФБИ верува дека осомничениот не би можел да ги активира уредите доколку се обидел.

- Advertisement -
Ad image

Кимберли Читл поднесе оставка на функцијата шеф на американската тајна служба, откако членовите на двете големи партии го побараа тоа поради неуспехот да се спречи обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп кој влезе во трка за нов мандат во Белата куќа.

Share This Article