More

    „Селин е кралица, сфати го тоа!“, ѝ порачаа обожавателите

    spot_img

    Музичките ѕвезди Селин Дион и Џенифер Лопез настапија на модната ревија на прославата на 45-годишнината од творењето на Ели Сааб, која се одржа во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

    Музичките диви позираа со дизајнерот Сааб, заедно со ѕвездите Хали Бери и Камила Кабело, а камерите го фатија непријатниот момент што ги поттикна гласините за нивната расправија.

    Имено, додека им позирале на фотографите, Лопез го прегрнала дизајнерот, но таа постојано погледнувала кон Дион, а обожавателите пишуваат дека изгледот на Лопез кажува сè. Меѓутоа, Дион во ниту еден момент не ја ни погледнала Лопез, па коментарите почнаа да се нижат под видеото.

    „Погледни ја Џеј Ло како ја гледа Селин Дион… Душо, нема споредба, Селин е кралица, сфати го тоа!“, „Џеј Ло не може да го тргне погледот од Селин. Затоа што ѝ е љубоморна, ете затоа“, „Таа е толку несигурна, Селин не ни погледна кон неа“, „Џеј Ло знае дека не може да ја надмине Селин Дион“, коментирале обожавателите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img