More

    Пејачот и сопругата Хана ќе станат родители по вторпат

    spot_img

    Откако јавноста неодамна дозна дека брачната двојка Петар Грашо и Хана Хуљиќ по вторпат ќе станат родители, сега хрватскиот музичар го откри и полот на бебето што го очекуваат, дознава „ИН магазин“.

    По ќерката Алба, во семејството на Грашо и Хана пристигнува момче.

    Грашo открил како се чувствува неговата бремена сопруга.

    „Како е Хана? Како и секоја трудница. Еден ден јаде кроасани, друг ден не сака кроасани. Потоа еден ден мојот парфем ѝмириса одлично, следниот ден  ѝ е ужасен. Претпоставувам дека така треба да биде, во ред е!“

    Тие веќе оваа година ќе станат родители по вторпат, а малата Алба во јули ќе го прослави вториот роденден.

    „Толку уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Таа е прекрасна, весела е, донесе нешто посебно во нашиот живот“.

    „Алба е живо дете, веројатно како и сите деца кои имаат блиску две години. Љубопитна, своеглава, многу пее, прави врева, таа сега почнува полека да зборува. Но, како и секое добро дете, таа е дива, слатка и расте во љубов, што е најважно.“, додал Грашо.

    Миленичката Алба ужива посебен третман од родителите. Хана напиша и испеа приспивни песни, со кои бебињата заспиваат како од шега, па така и малата Алба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img