Семејство од Австрија сакало да оди на одмор во Загреб, Хрватска. Планирале да застанат во Салцбург, Австрија.Меѓутоа, поради изборот на погрешно место во навигацијата на автомобилот, тие завршиле на сосема друго место, пишува магазинот Fenix.
Наместо австриски Салцбург, тие очигледно во навигацијата ја избрале општина Салцбург во Вестервалд во Германија. Возеле дури 500 километри во погрешна насока, а кога ја сфатиле грешката повикале полиција на помош.
После тоа, полициските службеници во својот навигациски систем ја внеле точната адреса и им посакале безбеден пат.