More

    Сакаме интеграција на српското население во Косово, порача Курти

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Косово нема проблем со локалните Срби во северните општини, туку со Белград, „кој не се огради ниту од Милошевиќ во тоа време, ниту од Путин денес“.

    На Самитот Западен Балкан 2024, што се одржува во Приштина по повод 25-годишнината од крајот на војната во Косово, Курти рече дека „Косово им понуди права на локалните Срби, овозможувајќи нивна целосна интеграција“.
    – 10 од 38 општини имаат српско мнозинство, 17% од советниците во локалните парламенти во сите општини се Срби. Ние добро соработуваме и тие имаат Министерство за заедници. Сакаме интеграција на Србите во Косово. Имаме 4% српско население овде, но имаме и други малцинства кои сакаме да ги почитуваме – рече Курти.

    Тој додаде дека Косово нема проблем со Србите во Србија, туку со Владата на Србија.

    – Проблемот не е во народот на северниот сосед, туку во Владата на Србија. Воопшто не е во косовските Срби кои се интегрираат – рече косовскиот премиер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img