More

    Владата најавува пониски цени на 2.600 производи

    spot_img

    Министерството за економија ја состави листата земјоделски и прехранбени продукти, чии цени се очекува да паднат, откако ќе се донесе законот за нефер трговски практики. На неа се 2.600 производи кои е планирано да се продаваат со ограничени маржи до 10 отсто.

    Маржа до 10 отсто ќе имаат сите видови млеко и млечни производи, сирењето, кашкавалите, ги има и моцарелата, горгонзолата, камемберт, путерот и јајцата. Меѓу доматите, краставиците, компирот, грашокот, бананите, мандарините, замрзната маржа до 10 отсто ќе имаат и тартуфите, блитвата, бадемите, фстаците, урмите кајсиите, јагодите.

    На листата ги има и млекото за бебиња, како и сите пијалоци за бебиња и мали деца. Но ја има и водата, виното, вискито, храната за акучиња и мачки, тутунот, цигарите, пурите.

    Трговците нема да смеат да ставаат повисоки маржи од утврдената на скоро сите видови месо – од пилешко, свинско, мисиркино, па се до месо од зајаци, кит, фока, камили, дивеч.

    На листата ги има и сите видови риба, дури и оние кои владата ги сметаше за луксуз и го зголеми данокот од 5 на 10 отсто. Освен пастрмка, јагули, лососи, сардини, бакалар, поевтина ќе биде и сабјарката, перките од ајкула, кавијарот, шкампите, раковите, окотоподите и јастозите.

    Иако лани Владата ги сметаше чоколадата, бонбоните бисквитите, гумените, мастиките за џвакање, сите видови џемови за нездрави производи, откако ќе им се ограничи маржата кај трговците се очекува да имаат пониски цени.

    Очекувањата на министерот за економија Фатмир Битиќи е цените кај овие прозиводи драстично да се намалат, откако ќе се донесе законот за нефер трговски практики.

    Додека да се ограничи маржата, цените во маркетите и на пазарите вртоглаво растат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img