More

    Руските војници вежбаат одбрана од агресија на украинската граница

    spot_img

    Русија и Белорусија денеска почнаа заеднички воени вежби предизвикаувајќи загриженост во западните земји дека Москва подготвува голема ескалација на конфликт во Украина.

    Руското Министерство за одбрана во соопштението нагласи дека вежбите се планирани да продолжат до 20 февруари во Белорусија.

    Според нив, вежбите ќе се фокусираат на „потиснување и одбивање  надворешна агресија“.

    Пентагон, соопшти дека во изминатите 24 часа Русија испратила дополнителни војници на украинско-белоруската граница.

    – Русија ги зголемува своите опции и потенцијал за акција со секој изминат ден – изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

    Големите руски воени вежби во Белорусија придонесуваат за ескалација на тензиите околу Украина, соопшти, вчера Белата куќа.

    – Додека ги набљудуваме подготовките за овие воени вежби, повторуваме дека тоа секако придонесува за ескалација, а не за деескалација – истакна портпаролката на Белата куќа, Џен Саки.

    Таа се осврна на маневрите „Сојузничка решителност-2022“, кои НАТО ги опиша како најголемо распоредување на руски војници во Белорусија од крајот на Студената војна.

    САД почнаа да префрлаат кон Романија баталјон со борбени возила на пешадијата „Страјкер“ од составот на Вториот механизиран полк на американските вооружени, стациониран во Филсек, Германија.

    Според американските власти, околу 1.000 војници на НАТО ќе бидат испратени во Романија.

    Првите војници веќе пристигнаа во Романија, изјави командантот на полкот, полковник Џо Јурс. Тие ќе ги засилат 900-те американски војници кои се веќе стационирани таму. Околу 1.700 американски војници од 82. воздушнодесантна дивизија на американската армија заминуваат за Полска, од кои околу половина се веќе пристигнати, а се очекува да пристигнат уште во наредните денови, нагласи Кирби.

    Велика Британија вети дека ќе испрати уште 350 војници во Полска, а веќе е испратено противтенковско оружје во Украина.

    Американскиот конзулат во Полска се подготвува за евентуален прилив на американски граѓани кои ќе одлучат да ја напуштат Украина доколку Русија изврши инвазија. Американските трупи стационирани на полска територија разработија планови за итни случаи за да им помогнат на Американците да ја напуштат Полска во случај на руски напад, изјави неименуван портпарол на Белата куќа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img