Русија ги додаде потпретседателката на САД, Камала Харис, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг и портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на списокот на лица на кои им е забранет влез во земјата во четвртокот попладне.
На списокот се додадени вкупно 29 американски функционери и новинари, пишува Sky News.
На овие луѓе им е забранет влез во Руската Федерација на неодредено време“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Минатиот месец и на американскиот претседател Џо Бајден му беше забранет влез во Русија.
Бајден не ја посетил Русија од 2011 година, кога беше потпретседател на Барак Обама. Неговото патување во Москва вклучуваше разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Државниот секретар Антони Блинкен, шефот на ЦИА Вилијам Барнс, секретарот за одбрана Лојд Остин и советникот за национална безбедност Џејк Саливан исто така се најдоа на списокот на Русија на лица на кои им беше забранет влез во Русија во март.