More

    Ретки сцени на аурора бореалис се видоа на Алпите, во Хрватска, Србија, САД…

    spot_img

    Неверојатно ретки сцени од поларната светлина синоќа можеа да се видат на небото над Европа и САД. Различните бои на поларната светлина се создаваат кога брзите, наелектризирани честички јони, протони и електрони на сончевиот ветер се судираат со честичките од воздухот во атмосферата на Земјата, обично на надморска височина помеѓу 90 и 150 километри.

    Поларната светлина синоќа е видена во Хрватска, Србија, Црна Гора, Русија, Унгарија, Шпанија, Германија…

    Бојата на поларната светлина зависи од типот на честички со кои тие се судираат и на која висина. На пример, кога тие се судираат со атоми на кислород на пониски височини, се емитува зелена боја со бранова должина од 557,7 nm, додека на повисоки надморски височини се емитува кафено-црвена боја со бранова должина од 630 nm. Атомите на азот испуштаат сина и виолетова светлина.

    – Имаше серија силни ерупции од сончевите дамки, имаше силно исфрлање. Тој материјал стигна до Земјата за два дена, ја предизвика поларната светлина која сега е видлива со голо око. Тоа требаше да се случи пред утрото, но тоа веќе е видливо. Фантастична активност – рече Борис Штромар, раководител на Астрономското друштво Бескрај за Индекс.хр.

    поларна светлина во Хрватска

     

    Аурора бореалис најверојатно ќе биде видлива и во текот на оваа ноќ.

    – Ноќва до нас стаса геомагнетна бура, од најсилна Г5 категоризација. Нема место за паника, ваков силен настан не се случил од 2003 година, но не е првпат. Поради силата на оваа геомагнетна бура, аурора бореалис беше видлива над поглемиот дел од регионот – вели хрватски експерт објаснувајќи ја црвената боја на небото над Хрватска.

    Бројни граѓани споделија фотографии на социјалните мрежи од оваа преубава глетка.

    Хрватските граѓани сведочат дека виделе светлина од аурора бореалис над Загреб, Велика Горица, Вараждин, Паг, Ѓаково, Нови Винодолски, Лепоглава…

    Поларна светлина во Хрватска

     

    Германците исто така го фатија овој феномен. Германската метеоролошка служба објави снимка од Алпите во јужна Германија осветлени со розова боја, како и зраци на поларнасветлина над Франкфурт.

    Американските метеоролози вчера предупредија на појава на соларна бура од ниво 5, највисоко ниво на скалата, кое последен пат е забележано во 2003 година.

     

     

     

    Овој феномен освен во Европа беше видлив и во САД, во државите Њујорк, Њу Џерси, Конектикат и на Аљаска. Северната поларна светлина е еден од најпопуларните природни феномени сместен меѓу седумте светски природни чуда.

     

    Американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА) издаде предупредување за геомагнетна бура кога ефектите од соларната експлозија стигнаа до Земјата во петокот попладне, неколку часа порано од очекуваното.

    Последиците ќе се почувствуваат на Земјата за време на викендот, а можеби и во текот на следната недела. Тоа е првата геомагнетна бура во изминатите 20 години.

    НОАА ги предупреди операторите на електрани и вселенски летала кои орбитираат да преземат мерки на претпазливост, како и Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА).

    Првите ефекти од неколкуте коронални експлозии – исфрлање плазма и магнетни полиња од Сонцето, пристигнаа во раните попладневни часови во петокот по источно американско време, соопшти НОАА.

    Во текот на викендот се очекува да има посилни геомагнетни бури. Тие се случуваат со приближувањето на Сонцето до врвот на 11-годишниот циклус што носи зголемена активност.

    Бурата може да произведе северна светлина, позната и како аурорар бореалис, која изгледа како зеленикаво-црвенкави блесоци.

    Најинтензивната соларна бура досега се случила во 1859 година, и предизвикала аурора бореалис до централна Америка. Стручњаците од НОАА велат дека сега тоа не се очекува, но можни се слични ефекти како во 1859 година.

    Соларните бури се ризик за високонапонските далноводи, но не и за електромрежата во домовите на луѓето. Може да бидат засегнати и сателитите, што потоа може да ги наруши навигациските и комуникациските услуги на Земјата.

    Екстремната геомагнетна бура во 2003 година, на пример, доведе до прекин на електричната енергија во Шведска и оштетување на електричните трансформатори во Јужна Африка.

    Дури и кога ќе заврши бурата, сигналите помеѓу ГПС сателитите и приемниците на земјата може да бидат прекинати или изгубени, велат од НОАА, но експертите уверуваат  дека има толку многу навигациски сателити што секој прекин не би требало да трае долго.

    Сонцето од средата исфрла силни соларни блесоци, кои предизвикуваат коронални експлозии. Сето тоа е дел од соларната активност која се интензивира додека Сонцето го достигнува врвот на својот 11-годишен циклус.

    Американската вселенска агенција НАСА објави дека соларната бура не претставува сериозна закана за седумте астронаути на Меѓународната вселенска станица. Најголемата загриженост е од зголеменото ниво на радијација, поради што екипажот може да биде преместен во позаштитен дел од станицата доколку е потребно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img