More

    Регионални избори во Холандија, гласање во 12 провинции

    spot_img

    Во Холандија се одржуваат регионални избори, каде што гласачите индиректно избираат членови на горниот дом на националниот парламент. Гласањето во 12 провинции доаѓа во време на широко распространето незадоволство од владата на Марк Руте и гнев меѓу земјоделците поради плановите за намалување на загадувањето со нитрати.

    Десетици партии, од кои многу мали или локални, учествуваат на изборите во земјата со речиси 18 милиони жители.

    Оддалечувањето од централно-десничарската владејачка коалиција на долгогодишниот премиер може да влијае на понатамошното спроведување на владините реформи.

    Анкетите покажуваат дека на изборите најмногу гласови ќе добие популистичкото Движење на земјоделци и граѓани, предводено од пратеничката Каролин ван дер Плас, бидејќи расте незадоволството во руралните средини.

    Партијата позната како БББ е формирана во 2019 година и првпат учествува на регионални избори.На парламентарните избори во 2021 година партијата освои еден процент од гласовите, а Ван дер Плас пратеничко место.

    Антиимиграциската Партија на слободата предводена од Герт Вилдерс имаше лош резултат на последните регионални избори во 2019 година.

    Сепак, анкетите покажуваат дека тој ќе помине подобро на овогодинешните избори. Вилдерс, покрај поддршката на земјоделците, апелира и на драстично намалување на имиграцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img