More

    По земјотресот југот на Турција го зафатија поплави, има загинати

    spot_img

    Најмалку едно лице загина, а четири се водат за исчезнати во поплавите што го погодија јужниот турски регион Адијаман, кој исто така беше погоден од разорни земјотреси минатиот месец.

    Обилните дождови најмногу го погодија квартот Тут, каде поројната вода го однесе контејнерот во кој семејството престојуваше од земјотресот.

    Координаторот на цивилната заштита во Адијаман, а воедно и гувернер на Токат, Нуман Хатипоглу, изјави дека на терен се надлежни служби од неколку провинции и дека ќе пристигнат по деблокирањето на патиштата оштетени од поројните води.

    Анадолија/Рецеп Билек
    „Еден наш граѓанин е убиен, а четворица се водат за исчезнати. Нашите тимови продолжуваат со потрагата. Се трудиме да допреме и до други граѓани. Се надеваме дека ќе дојдеме до нашите граѓани што е можно поскоро. Ова е голема катастрофа“, рече Хатипоглу.

    Во центарот на Адијаман се излеа реката Егрицај од коритата што предизвика отежнат сообраќај.

    Надлежните служби преместуваат и шатори кои се во опасност од поплави, а во кои престојуваат семејства кои останаа без покрив над главата по земјотресот од минатиот месец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img