More

    Рама ги укина царинските такси за увоз

    spot_img

    Албанскиот премиер Еди Рама  попладнево изјави дека Албанија ќе ги укине сите царински такси за увозот од Косово, почнувајќи од земјоделските производи, јави дописникот на МИА од Приштина.

    За време на неговата посета на фабрика за производство на брашно во Ораховац, Рама изјави пред медиумите дека Албанија не сака „Отворен Балкан без такси, а во него да не биде опфатено и Косово“.

    – Ние напрвивме план за укинување на таксите и ќе ги укинеме целосно. Би сакале тоа да биде билатерално со Косово, но ние секако ќе го направиме. Тие побараа повеќе време за да анализираат, но ние ќе ги укинеме таксите за сé што доаѓа од Косово… Од друга страна, тоа треба да го направи и Косово, но доколку на косовската влада ѝ треба повеќе време за да простудира, ние тоа секако ќе го направиме. Затоа што ние не сакаме да имаме еден Отворен Балкан без такси, а во него да не биде опфатено и Косово. Тоа е бесмислено – изјави Рама.

    Албанскиот премиер допатува попладнево во Косово поради утрешната заедничка седница на косовската и албанската влада, што ќе се одржи во Приштина.

    Ова е осма заедничка седница на владите на Косово и Албанија, а првата беше одржана во јануари 2014 година во косовскиот град Призрен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img