Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот помина со мерцедес преку мостот на Крим што ја поврзува јужна Русија со анектираниот полуостров Крим, помалку од два месеци откако беше оштетен еден од инфраструктурните проекти на шефот на Кремљ.Во 2018 година, Путин отвори патен и железнички мост долг 19 километри. Мостот беше гранатиран на 8 октомври, за што Русија ја обвинува Украина.
Путин, придружуван од вицепремиерот Марат Хуснулин, беше прикажан на државната телевизија зад воланот на Мерцедес, поставувајќи прашања за тоа каде се случил нападот.
„Возиме на десната страна“, рече Путин додека го минуваше мостот.
„На левата страна на мостот, колку што разбрав, има сообраќај, но сепак треба да се заврши. Сè уште е малку оштетен, треба да го доведеме во идеална состојба“, рече рускиот претседател.
Путин прошета и низ делови од мостот, најголемиот во Европа, за да ги прегледа сè уште изгорените делови.
Украина никогаш не презеде одговорност за бомбардирањето на мостот во раните утрински часови на 8 октомври, ден по 70-тиот роденден на Путин.
Руската Федерална служба за безбедност тврди дека нападот бил организиран од украинското воено разузнавање.