More

    Пуштени во продажба млад кромид и пиперки со пестициди

    spot_img

    МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, обвини Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ, кој на деншната прес-конференција објави уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија.

    Станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во Македонија и веќе се наоѓаат на пазарите ширум земјата.

    – Првите два извештаи направени во ДФЛ потврдуваат дека во анализите на млад кромид е детектиран недозволиво присуство на пестициди и овие два извештаи се архивирани под арховски број 10802-295/2 и 10802-296/2 од 22/05/2023 година. Третиот и четвртиот извештај исто така издаден од ДФЛ се однесува на анализа направена на пиперка во која исто така е откриено недозволиво количество на остатоци од пестициди и овие два извештаи во интерес на вистината се со печат на министерството и архивирани под архивски број 10802-373/2 од 17/05/2023 и 10802-493/2 од 26/05/2023 година – објави Трипуновски додавајќи дека овие четири документи се јасен доказ дека во промет е пуштен зеленчук кој е крајно небезбеден и отровен.

    И наместо веднаш да се реагира, посочува Трипуновски, АХВ праќа паушални соопштенија и се обидува да ја замајува јавноста.

    – Чиј бил интересот и колку може да биде забегана една влада свесно да пушта граѓаните да јадат небезбедна и отровна храна? Власта е најодговорна за тоа што денеска граѓаните консумираат штетна храна. И оваа тема не познава ниту верска, етничка, а најмалку политичка припадност. Оваа тема ги засега сите подеднакво, од најмалите до највозрасните. Николовски и Бабовски се главните виновници за овој голем скандал. Им порачувам на АХВ и МЗШВ наместо да демантираат, веднаш да реагираат, а Бабовски и Николовски да си поднесат неотповикливи оставки од своите позиции. За ова во демократските земји паѓаат цели влади. Воедно уште еднаш апелирам ЈО да не глуми ненадлежно и веднаш да реагира по допрен глас. Одговорност за ова мора да има! – порача Трипуновски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img