More

    Арсовска ја навредуваше советничката Јанчева

    spot_img

    „Ако сте уличарка не мора никој да ве трпи тука“. Вака скопската градоначалничка Данела Арсовска ѝ се обрати на советничката од СДСМ Љубица Јанчева додека во Советот на Град Скопје се водеше дискусијата за блокадата на сметката на Град Скопје.

    Јанчева во дискусијата бараше Арсовска да даде извештај за финансиската состојба на Градот и праша зошто не дава извод од дневната состојба.

    Арсовска во кавгата рече дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во коалиција против неа и им велеше дека Градот е во одлична финансиска состојба, нема блокирана сметка, но не достави никакви документи за тоа.

    – Како тоа само вие сте во право, а сите ние не сме? Кој тоа го кажува, вие самите кога ќе станете наутро пред огледало си кажувате само јас сум во право? Дајте состојба на сметката за салдо 220 и 221 и ќе видиме колку пари имате – рече Јанчева.

    Јанчева ѝ реплицираше дека таа постојано лаже, а доказ за тоа е дека не доставува извештај. Таа исто така побара одговори за тоа каква е состојбата во јавните градски претпријатија и што се случува со одредени капитални проекти.

    – Ние како советничка група кон крајот на минатата година баравме и посебна седница за да се расправа за состојбата во јавните претпријатија, особено за ЈСП, но до тоа не дојде. Сега пак прашуваме: Во каква кондиција и во каква состојба е Јавното сообраќајно претпријатие, затоа што на оваа седница единствено за ЈСП ни недостасува тримесечниот извештај за работењето во 2023 година. До каде е реализацијата на пречистителната станица? – праша Јанчева додавајќи дека доколку не се реализира овој проект пеналите кон европските партнери ќе ги плаќа ЈП Водовод и канализација како претставник на Градот во проектот.

    По изјавата на Арсовска, реагираше советничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска која рече дека дискусијата не треба се сведува на вакво ниво иако на сите им е јасно дека на градоначалиничката не ѝ одговара оваа дискусија.

    – Не прилега вакво однесување, потребни се одговори. Темата не одговара и затоа следат лични навреди и напади. Но, треба достоинствено да дебатираме – рече Андоновска.

    На оваа изјава повторно реплицираше градоначалничката Арсовска која посочи дека дискусијата е инструирана од лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

    – Не е симната под ниво дискусијата, вие сте под секакво ниво, инструирани од вашите лидери – додаде Арсовска.

    По завршувањето на седницата на Советот пристигна реакција од Град Скопје од каде што велат дека коалицијата ДПМНЕ – СДСМ во Советот на Град Скопје продолжува да се служи со лаги и манипулации.

    – Градот ниту е пред банкрот, ниту ќе банкротира и прави сѐ што е технички возможно да ги врати долговите кои ги наследил од претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои работеле недомаќински и ги задолжиле скопјани за милионски суми. Градот Скопје нема да прави компромис со вистината, ниту пак со проектите кои сме ги ветиле пред граѓаните, програмата „За модерно Скопје“ ќе се реализира на еден или на друг начин им се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или не бидејќи за нас интересот на граѓаните е пред сѐ – велат од Град Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img