Голема полициска акција е во тек во Ховсјо во југозападно Седертеље. Најмалку тројца тинејџери биле застрелани и пренесени во болница, а напаѓачот е во бегство.
-Најдовме три лица кои беа застрелани, на отворено и блиску едно до друго – изјави портпаролот на полицијата.
Според информациите на шведскиот портал СВТ, застрелани се тројца тинејџери родени 2006 и 2007 година, од кои едниот е во критична состојба. Сите повредени се пренесени во болница, додека полицијата трага по напаѓачот.
Полицијата била повикана на местото на настанот нешто пред 19 часот по локално време од мештаните кои мислеле дека слушнале петарди или огномет во областа.
Неколку патроли се на лице место, кои разговараат со сведоци и обезбедуваат индиции. Покрената е прелиминарна истрага за убиство во обид и тешки дела со оружје.