Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која исчезна денеска околу 13 часот, дознава „Блиц“.
– Сара е пронајдена, се е во ред, фала на бога – кратко изјавила мајката на девојчето.
Да потсетиме, мајката на девојката денеска алармира дека последен пат девојката е видена околу 13 часот кај Франшо, а потоа и се губи секаква трага.
Како што пренесува Инстаграм страната „grupa_kkbops“, девојката се качила во автобусот до автобуската станица кај Зелени венац.
– Само кажа дека заспала во автобусот и оттогаш и се губи секаква трага. На нејзиниот телефон се јавува непознато машко лице. Не знаеме дали се работи за киднапирање или кражба – стои на споменатата страница.