Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година изнесува 38.359 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец изнесува 57.609 денари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година изнесува 38.359 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец изнесува 57.609 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, се зголемила за 16,2%. Реално нето-платата за споредбениот период се зголемила за 12,7%.

Во однос на октомври кога просечната плата изнесуваше 38.843 денари, просечната нето-плата во ноември е намалена за 1,2% или за 484 денари.

Зголемување на ноемвриската плата во однос на претходната година се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22%), снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,4%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: дејности во врска со недвижен имот (8%), рударство и вадење камен (5,9%), финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6%).

Share This Article