More

    Јавниот повик за нов универзален снабдувач со електрична енергија на регулираниот пазар на кој Владата ги повика заинтересираните компании да достават понуди со пониска маржа од 11,5%, завршува за два дена

    spot_img

    Јавниот повик за нов универзален снабдувач со електрична енергија на регулираниот пазар на кој Владата ги повика заинтересираните компании да достават понуди со пониска маржа од 11,5%, завршува за два дена.

    Досега е извесно дека на огласот ќе се јави „ЕВН хоум“, компанијата што и во моментов е универзален снабдувач. Учество најави и „ЕСМ продажба“, компанија што е дел од државното електростопанство, а во трката ќе влезе и компанијата за трговија со струја ЕДС која е фирма ќерка на грчката државна компанија за производство на енергија ППС.

    Како на земја во која домаќинствата плаќаат најскапа струја во регионот, конкуренцијата при изборот на универзален снабдувач и е повеќе од потребна, а некои од компаниите кои ќе се јават на овој повик најавија дека ќе понудат далеку пониски цени од сегашните.

    Кај источниот сосед граѓаните се снабдуваат од три компании кои се поделени по региони. „ЦЕЗ Бугарија“ ги снабдува граѓаните во западна Бугарија, „Енерго-Про“ во североисточниот дел на земјата, а „ЕВН“ ги снабдува со енергија граѓаните во јужноисточна Бугарија.

    Хрватска има вкупно седум компании што се снабдувачи со струја и меѓу нив секогаш има разлика во цената. Словенечкиот пазар е целосно либерализиран и има пет компании што имаат лиценци за снабдувачи, што исто така влијае позитивно врз понудата, односно граѓаните добиваат пониски сметки.

    Од земјите во регионот, најскапа струја плаќаат домаќинствата во Македонија, 100 киловати ги чинат 10,5 евра. По нас се граѓаните на Албанија, кои плаќаат 10,1 евра, додека најевтина електрична енергија во Европа имаат косовските домаќинства – 0,6 евра за 100 киловати. Србите и Црногорците плаќаат 0,96, а Босанците 0,87 евра за 100 киловати.

    Според податоците на „Евростат“, во првата половина на 2023 година, семејствата во Албанија и во Македонија плаќаат повеќе за енергијата што ја трошат во споредба со другите земји во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img