More

    Проекти вредни 220 милиони евра биле жртвувани поради енергетската криза

    spot_img

    Наспроти кратењето на многу проекти од важност за граѓаните, локалните власти во 2002 година се однесувале како да не е криза, кога станува збор за трошоците за патни расходи, плати, договорни услуги и привремени вработувања кои дури пораснале во 2022 година – заклучуваат Центарот за граѓански комуникации и Здружението на даночни советници и „Активо“ во обемно Истражување за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните, и на национално и на општинско ниво.

    Во овој извештај наведени се и поткрепени со податоци, неколку клучни наоди:

    „За покривање на дополнителните расходи што ги наметна енергетската криза во 2022 година, Владата и општините вкупно жртвуваа проекти кои се од важност на граѓаните во вредност од најмалку 220 милиони евра.

    Владата жртвуваше проекти од најмалку 170 милиони евра како што се: реновирање на здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина.

    Дополнителни 50 милиони евра капитални проекти требало да се реализираат од локалните власти. За да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 % од капиталните расходи односно 130 милиони евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“, како што се исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија“, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.

    Вкупните пријавени финансиски обврски на буџетските субјекти само во 2022 година се зголемиле за нови 186 милиони евра, односно за 30 %, со што достигнале вкупен износ од 800 милиони евра.

    Наспроти кратењето на проекти од важност за граѓаните, локалните власти, според извештаите, се однесувале како да не е криза кога станува збор за трошоците за патни расходи, плати, договорни услуги и привремени вработувања кои дури пораснале во 2022 година – се вели во анализата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img