Принцезата од Велс неколку месеци нема да се појавува на јавните настани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ја напуштила болницата каде и беше извршена операција на абдоменот, по што помина уште две недели за да се опоравува во таа приватна клиника во Лондон.

“Принцезата од Велс се врати во Виндзор, каде што ќе се опоравува од операцијата. Таа добро закрепнува. Принцот и принцезата сакаат да му се заблагодарат на целиот тим во лондонската клиника, особено на посветениот персонал кој ја пружи сета потребна нега“ – објави Кенсингтонската палата, додавајќи дека семејството е благодарно за сите добри желби.

 

Иако сега е на домашна нега, Кејт не се очекува да се појави на своите обврски во јавноста пред Велигден.
За потсетување, Кејт на 16 јануари имаше операција на абдоменот, а пред операцијата на простатата во истата болница во Лондон, ја посети кралот Чарлс Трети.

Нејзините деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5) не ја посетија во болница, а кралското семејство рече дека тоа никогаш не било планирано бидејќи „сакаат да им дадат чувство на нормално детство “ и дека сакаат во овие моменти да ги држат  подалеку од очите на јавноста.

Share This Article