More

    Ердоган повторно им се закани на Шведска и Грција

    spot_img

    Во четвртокот, на првиот состанок на Европската политичка заедница (ЕПС) во Прага, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно се закани дека ќе ја спречи Шведска да влезе во НАТО доколку не го исполни договорот за екстрадиција на осомничените терористи во Турција. Притоа, тој упати остри зборови до Грција со која Турција веќе подолго време има тензични односи.

    „Се додека терористичките организации демонстрираат на улиците на Шведска и додека има терористи во шведскиот парламент, Турција нема да има позитивен пристап кон Шведска“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција во чешкиот главен град. според германската новинска агенција dpa.

    По рускиот напад на Украина, Шведска и Финска, за кои Ердоган зборуваше попозитивно на средбата, во мај годинава аплицираа за членство во НАТО по повеќедецениска неутралност. Досега нивните пристапни протоколи ги ратификуваа 28 од вкупно 30 членки на НАТО. Само унгарскиот и турскиот парламент треба да дадат конечна согласност.

    Анкара првично го блокираше почетокот на пристапниот процес, велејќи дека двете нордиски земји ги поддржуваат терористичките организации, особено курдските борци и групата на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен. И покрај тоа што страните постигнаа договор претходно ова лето, Анкара сè уште не го ратификуваше проширувањето на алијансата, а турскиот претседател постојано се закануваше дека ќе ги замрзне нивните апликации за членство доколку двете земји не екстрадираат десетици луѓе кои Анкара ги смета за терористи.

    Повторени закани до Грција
    Во меѓувреме, на средбата во Прага, Ердоган уште еднаш се закани на соседот на Турција, Грција. Секоја земја ни пречи, која било земја не напаѓа, нашиот одговор секогаш ќе биде: „можеме ненадејно да дојдеме среде ноќ“, рече турскиот претседател, повторувајќи ја заканата што неодамна ја упати.

    Односите меѓу двете земји се затегнати подолго време. Турција, меѓу другото, ја обвинува Грција за милитаризација на островите во Егејското Море, но Грција ги негира обвинувањата и постојано го нагласува своето право на самоодбрана. Двете земји, исто така, често меѓусебно се обвинуваат за грешки во управувањето со мигрантската криза и одговорност за смртта на мигрантите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img