Денеска (08.02.2022), полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(62) од с.Љубанци, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.