На 12.04.2023 во 21.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(53) од Куманово.
При преглед кај него, на улицата „Циглана Вардар“ во Куманово, бил пронајден кокаин, додека при претрес во неговиот дом, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.