More

    Ноќта меѓу 15 и 16 март непознати сторители со употреба на сила влегле во просториите на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје и од таму украле еден монитор за компјутер

    spot_img

    Ноќта меѓу 15 и 16 март непознати сторители со употреба на сила влегле во просториите на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје и од таму украле еден монитор за компјутер, информира Јавното обвинителство.

    Од обвинителството велат дека ги издало сите потребни насоки и наредби за откривање на сторителите. При увидот од СВР Скопје, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител се обезбедуваат и снимки од видео-надзор. До овој момент сите индиции и докази упатуваат дека единствен мотив во конкретниот кривичен настан е противправно присвојување предмети, односно станува збор за кражба, велат од ОЈО.

    Освен во објектот на Културно-информативен центар на Република Бугарија, на сличен начин истата вечер непознати сторители влегле и во уште два угостителски објекта во непосредна близина. Од угостителските објекти биле одземени пари, а од Центарот е одземен еден монитор од компјутер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img