Вчера (14.11.2023) во 16.35 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 37-годишниот гостиварец В.Н.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.