Повторно се злоупотребува европското знаменце, тврди Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владејачкото мнозинство насилно и набрзина ги турка во Собранието законите за реформа на јавната администрација со европско знаменце, по скратена постапка, и така врши упад и се прави обид за финална партизација на администрацијата, обвини пратеникот Бојан Стојаноски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено, во секој момент треба да започне Комисијата за европски прашања каде што на дневен ред се закони кои оваа власт и владејачко мнозинство сака да ги протне набрзина, без широка и јавна дебата и дискусија, притоа вршејќи груба злоупотреба на европско знаменце иако навистина нема никаква потреба за истото – рече Стојаноски.

Тој потсети дека за оваа злоупотреба и нетранспарентност на власта, преку свои соопштенија и писма реагирале и најголемите синдикати во државата, ССМ, УПОЗ и КСС каде јасно го искажале својот револт и незадоволство и побарале итно стопирање на целата постапка и одржување на јавна расправа за овие закони.

– Ова е огромна реформа, ова се важни и крупни закони кои не може и не смее да се носат на овој начин, вака набрзина и нетранспарентно особено во мандат на техничка Влада. Бараме итен прекин на оваа расправа и донесување на заклучок за одржување јавна расправа во најбрз можен рок, каде што би биле присутни пратеници од опозицијата, претставници од синдикатите, професори, стручната фела и јавноста. Ова се важни закони за кои мора да има консензус и мора да се слушнат различни мислења и предлози – рече пратеникот Стојаноски.

Во спротивно, доколку власта продолжи да ги игнорира овие барања, рече пратеникот, на крајот од својот мандат власта свесно ќе создаде дополнителен хаос и безредие во администрацијата и државната управа.

Share This Article