More

    Останува прашањето до каде е истрагата за насилниот упад во контролата на летови

    spot_img

    Надзорниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ) во нов состав, го прифати предлогот на Владата за разрешување на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски и на нивно место ги назначи Хекуран Асани и Милан Кораќ, кои на новите функции стапуваат од наредната недела.

    Седницата на надзорниот одбор која започна вчера, а продолжи и денеска е завршена, но во понеделник треба да биде потпишан записникот, со што целата документација ќе биде доставена до Централен регистар, кој треба да ги впише двајцата нови директори. Поради тоа Надзорниот одбор ќе има уште еден состанок в понеделник, кога ќе се потпишат записниците.

    М-НАВ ја извести Македонската берза дека по барање на Владата е отповикан Хавзи Емини од должноста независен член во Надзорниот одбор и на негово место е назначен Едмонд Калиќи, кој е предлог од синдикатот на М-НАВ. Покрај Калиќи во Надзорниот одбор се и Кристијан Михајловиќ и Димитар Џеков.

    Разрешувањето на Хамиди и Стаменковски доаѓа по предлог на Владата, по инцидентот од 4-ти јануари кога група од осум лица упадна во зградата на М-НАВ. За четири лица судот определи домашен притвор иако обвинителството бараше ефективен. За петиот кој беше уапсен во петок исто така беше определен домашен притвор за што обвинителството поднесе жалба.

    Смената на двајцата директори беше еден од условите на Синдикатот за да не стапи во штрајк. Одлуката на Надзорниот одбор е прв чекор во решавањето на нарушените односи меѓу Синдикатот и раководството на М-НАВ, но и во расветлување на инцидентот по насилниот упад во зградата на Контролата за летање и нападот врз контролор.

    Истрагата на обвинителството за овој случај е по кривичното дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. До каде е истрагата нови детали нема ниту пак има информација дали во неа е опфатена и агенцијата и лицата кои ја обезбедуваат зградата на М-НАВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img