More

    Силјановска Давкова вели дека битката со мафијата ќе биде многу тешка, но мора да почне

    spot_img

    На почетокот од 2000 година, Роберт Хајслоп ќе рече: „Сите држави имаат мафија, ама на Балканот има опасност мафиите да имаат свои држави”. Сега кога ги гледам состојбите со корупцијата и криминалот, барам некаков излез, читам дека во Италија на времето донеле еден закон против мафијата и сега го препорачуваат,  рече кандидатката за претседател Силјановска Давкова на денешниот митинг во општина Аеродром.

    Таа рече дека дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е бескомпромисна битката со мафијата која се очекува да биде многу тешка, но мора да почне, а криминалот и корупцијата се системски.

    -Ликови што наликуваат на оние од мафијата се вгнездени на највисоките позиции и тие или со чинење или со нечинење, гледање и помагање се исто така соучесници. Значи, не чека тешка битка! – рече Силјановска Давкова.

    Според неа, 24 април некако доаѓа како предигра бидејќи тогаш работите ќе се разјаснат.

    -А се разбира, јас мислам дека на 8 мај ќе биде запечатена една тешка, грда фаза од владеењето и ќе започне една нова реформска фаза. За тоа навистина се потребни умни, чесни и посветени луѓе! Луѓе кои државните и национални интереси ќе ги стават пред било кои други! Луѓе кои како одважни и достоинствени, ќе бараат од големите и средните држави, па и од ЕУ и сите држави внатре, заслужена почит! Луѓе кои ќе бараат и ние да итаме во исполнувањето на Копенхагенските критериуми. Да не се занимаваме и да го губиме времето на докажување дека сме тие што сме! Да барате од некого да докаже дека е човек, дека е жена, дека е Македонец е непристојно!- рече Силјановска Давкова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img