More

    Нов случај на голема кашлица во Македонија – Две ипол месечно бебе пред пет дена било хоспитализирано во Козле

    spot_img

    Две ипол месечно бебе пред пет дена било хоспитализирано со претусис или голема кашлица во клиниката Козле.

    Бебето било донесено со тешка кашлица поради тоа имало недостаток на кислород и помодрувало, потврдуваат за Канал 5 од клиниката Козле. Бактеријата бордетела предизвикувачот на ова заразно заболување било потврдено и во Центарот за јавно здравје.

    „Детето е сега стабилно и со подобра здравствена слика. Од почетокот на оваа година ова е четврт случај со голема кашлица сите деца биле невакцинирани“, потврдуваат од клиниката за детски болести Козле. Во декември во оваа болница имаше едно дете со голема кашлица.

    – Има пад на вакцинацијата, но со појавата на оваа болест во Јануари се зголеми бројот на вакцинирани деца и тоа е добро. Но, треба децата редовно да се вакцнираат – изјави д-р Бети Гелејчевска вакцинален пункт „Букурешт“.

    Главната карактеристика на болеста е кашлица во напади која може да трае со недели. Покрај кашлицата бактеријата може да предизвика компликации на респираторниот и нервниот систем кои може да остават трајни последици на мозочната функција и невролошкиот развој кај децата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img