More

    Поради сиромаштија ги продаваат бубрезите, трговците ги лажат дека ќе им пораснат нови

    spot_img

    Една мајка од селото Хоксе, во Непал, раскажала за Дејли Мејл дека продала бубрег за да му купи куќа на своето семејство – за истата да биде уништена во земјотресот во Непал.
    Гета живее во Хоксе, Непал – наречено „Село на бубрези“ – затоа што речиси сите луѓе што живеат таму им ги продале своите бубрези на трговци со органи.

    Убедена да продаде еден од нејзините витални органи за само 1.300 фунти од страна на нејзината золва, 37-годишната Гета, отпатувала во Индија кадешто ѝ го извадиле бубрегот.

    Таа потрошила дел од парите за купување парцела во Хоксе – 12 милји источно од Катманду – а остатокот го искористила за да изгради куќа од камен.

    Но, мајката на четири деца е бездомник откако разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер ја претворила куќата во урнатини.

    Односно, живее во грубо изградена колиба со ѕидови од најлони и покрив од тенки листови од брановидно железо.

    Но, Гета не е сама. Повеќето од возрасните мажи и жени кои живеат во Хоксе биле во искушение да заработат и да продадат еден од нивните здрави бубрези на таканаречените „брокери за органи“ во Непал.

    Целиот текст прочитајте го ТУКА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img