More

    ПОЛЕСНО АМЕРИКА ЌЕ ИЗБЕРЕ МЕЃУ ТРАМП И БАЈДЕН ОТКОЛКУ МАКЕДОНСКИТЕ ПИСАТЕЛИ СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛ

    spot_img

    Откако писателот Стефан Марковски ја повлече својата кандидатура за претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а Блаже Миневски ја повлече кандидатурата за претседател на Друштвото, денеска и писателот Иван Антоновски соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на Собранието на ДПМ.

    „По јавно достапните информации, дека според важечката регулатива, позицијата претседател на Собранието на ДПМ, правно, воопшто и не постои, искрено, бев во дилема дали е потребно повлекување на кандидатура за правно непостоечка позиција. Сепак, сметам дека имам морална обврска да се обратам до вас и да ве известам дека и формално го преземам овој чекор, затоа што ставовите и програмските определби од мојата кандидатура, всушност, беа одраз на тоа што голем дел од членството го чувствува и го изрази како потреба“, се вели во соопштението на Антоновски.

    Тој посочи дека со формалното повлекување на кандидатурата се надева оти ќе успее да спречи „заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото“.

    Антоновски пишува дека верува дека потребата од заложби за модернизација и транформација на македонската писателска асоцијација и натаму е силна, „иако, по сето она што го посведочивме во овој период, јасно е дека патот ќе биде уште подолг и потежок“.

    Писателот Блаже Миневски соопшти дека ја повлекува кандидатурата и дека нема да присуствува на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото, напиша „поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста“.

    Миневски вели дека во изминатите два месеца, од 25 ноември минатата година, не било направено ништо за Вонредното изборно собрание да бидат известени оние 65 од 285 члена на ДПМ, кои немаат електронски адреси и не добиваат ниту покана ниту материјали за учество во работата на Собранието.

    „Актуелното (не)легитимно раководство не предложи решение ниту за 29 члена на ДПМ што живеат во странство, кои, ако веќе не можат да гласаат електронски, барем да не влегуваат во списокот за кворум, односно да се евидентираат и да гласаат само доколку физички се присутни на седницата. Не покажа коректен однос дури ни кон членовите со најдолг стаж во ДПМ, меѓу кои и класици на современата македонска книжевност, со тоа што не ги консултира дали се во можност физички да присуствуваат на седниците на Собранието или пак да се изнајде начин како да бидат вклучени во работата на највисокото тело на македонската писателска асоцијација“, посочи Миневски и додаде дека писателската асоцијација за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување.

    Миневски смета дека единствен начин за излез од катастрофалната состојба е евентуалната можност да се активира Советот на ДПМ составен од поранешните претседатели и членството да избере привремена управа заради надминување на кризата, со цел да се разгледаат сите опции, да се надминат правните проблеми со статусот и Статутот на Друштвото, да се анализираат и утврдат точните списоци на членството и потоа да се организира легитимно изборно собрание.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img