More

    Њујорк ја виде „Љубовната соба“ од Сузана Диневски

    spot_img

    Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски е номиниран за награда во категоријата на долгометражни документарни филмови прикажани на фестивалот BAFF што се одржа во Њујорк од 19 до 25 мај 2023 година.

    Њујоршката премиера на „Љубовната соба“ се одржа на 22 мај во 20.30 часот во рамки на Биг Епл Филм Фестивал, во познатото кино Cinema Village, кое е едно од најстарите независни кина во уметничкиот дел на Њујорк, познат како Гринич Вилиџ.

    Пред њујоркшката публика која ја сочинуваат и претставници на македонската дијаспора која живее и работи во Њујорк и претставници на дипломатскиот кор, режисерката и продуцент Сузана Диневски во делот предвиден за „Прашања и одговори“, ja презентираше реализацијата и идејата за филмот што раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се две млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Македонија – Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.

    Номинацијата на „Љубовната соба“ на BAFF е само потврда за неговиот квалитет во конкуренцијата на долгометражни филмови селектирани од целиот свет како дел од BAFF Њујорк што се смета за еден од најдобрите 25 филмски фестивали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img