More

    По продолжувањето на рокот за замена на возачките дозволи, се продолжува и рокот за замена на регистарските таблици на возилата до 31 декември 2024 година,

    spot_img

    По продолжувањето на рокот за замена на возачките дозволи, се продолжува и рокот за замена на регистарските таблици на возилата до 31 декември 2024 година, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

    „Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Република Северна Македонија, дека согласно Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” на 12.02.2024 година, рокот за замена на регистарските таблици кои ја содржат ознаката „МК” и на регистарските таблици кои немаат никаква ознака или ставање на налепница на која е испишана ознаката „НМК” се продолжува најдоцна до 31 декември 2024 година“ – стои во известувањето од МВР.

    Од МВР исто така ги информираат граѓаните и за постапката доколу на граница бидат спречени да излезат од земјата поради тоа што поседуваат патна исправа со „Република Македонија“.

    „Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија”, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез“ – информира МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img