More

    Холивудскиот заводник е во страсна врска со богата Русинка

    spot_img

    Сè „погласни“ се тврдењата дека холивудскиот заводник Том Круз (61) е во романтична врска со гламурозната Русинката Елсина Хајрова (36), пренесува „Дејли мејл“.

     


    „Во круговите на Елсина е добро познато дека таа и Том Круз се во врска“, изјавил извор за „Дејли мејл“, додавајќи: „Тие многу се зближија во последните неколку недели, но водат грижа никој да не ги фотографира заедно затоа што сакаат да ја зачуваат нивната приватност. Том преспиваше во станот на Елса. Тие уживаат во заедничкото дружење, а и покрај нивното богатство, ги прават истите работи што ги прават обичните парови“.

    Том и Елсина неодамна присуствувале на гала вечера во знак за поддршка на хуманитарната организација „Air Ambulance Charity“ од Лондон, каде што почесен гостин беше принцот Вилијам.

    Иако пристигнале одвоено на настанот, пријателите изјавиле дека тоа не е изненадувачки бидејќи поголемиот дел од своето време го поминуваат зад затворени врати во нејзиниот стан во Лондон. Сепак, тие одлучиле заедно да се прошетаат во Хајд Парк.

    Извори блиски до парот откриваат и дека заедно вечерале во неколку ексклузивни лондонски ресторани, но дека се грижеле за својата приватност.

    Холивудскиот актер веќе три пати кажа „да“, па ако оваа врска стане многу сериозна, ова ќе биде негово четврто застанување пред олтарот.

    Елсина се развела од поранешниот сопруг Дмитриј Цетков во 2022 година. 43-годишниот руски олигарх минатата година проговори за нивната напорна 3-годишна битка за развод, за која тврди дека го чинела повеќе од 150 милиони фунти.

    „Без разлика со кого е таа, со Том Круз или било кој друг, таа личност треба да биде свесна дека Елсина сака фини работи и има скап и луксузен вкус. Том треба да ги држи очите широко отворени, но и паричникот“, рекол тогаш рускиот олигарх и додал: „Среќен сум поради неа, ѝ посакувам сè најдобро“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img