Парите од наградата за настапот на Евровизија ги донира за болните деца

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хрватскиот музичар Марко Пуришиќ кој настапува под уметничкото име Бејби Лазања по успешниот настап на Евровизија уште еднаш ја воодушеви јавноста, овој пат со својот хуман гест. Бејби Лазања не ја прифати паричната награда од 50.000 евра што му ја додели хрватската влада за освоеното 2.место на годинешниот избор на песна на Евровизија и побара тие пари да бидат наменети за болните деца.

Откако хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на седница на Владата одлучи да го награди хрватскиот претставник на Евровизија, Бејби Лазања се огласи на својот Инстаграм профил.

Тој рече дека нема да ги прифати парите, но бара Владата да ги донира на оние на кои им се повеќе потребни.

„Ѝ благодарам на хрватската влада за паричната награда во износ од 50.000 евра. Сепак, овие пари не можам да ги прифатам. Би можел да дадам многу причини зошто, но првата, најважна и доволна е дека има многу други поединци и организации на кои овие пари ќе им помогнат многу повеќе . Со ова го молам г-дин Пленковиќ да донира 25.000 евра во мое име и во име на хрватската влада на Институтот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“. Другите 25.000 евра би сакал да ги донирам на Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација на хематопоетски матични клетки, КБЦ Загреб. Благодарам“ – напиша Марко Пуришиќ.

Share This Article