More

    Дуа Липа прозборе на српски на концерт во Хрватска

    spot_img

    Дуа Липа, британска пејачка со албанско потекло, родена во Косово и Метохија, во рамките на својата европска турнеја пред две вечери одржа концерт во Пула арената во Хрватска, а по тој повод и се обрати на публиката на српски јазик.

    Контроверзната пејачка деновиве го промовира својот албум „Радикален оптимизам“, а на концертот во Арената во Пула доцнеше 45 минути, а кога пристигна на сцената на насобраните фанови им се обрати со зборовите „Добровечер, Пула!

    Не беше единствениот пат кога Дуа зборуваше српски за време на концертот. Во еден момент додека ја изведуваше песната „Be the one“ таа извика: „Ајде луѓе!“.

    Многу корисници на социјалните мрежи ја коментираа постапката на Дуа Липа.

    „Се гледа дека е родена во Србија“, „Тоа, Србинко моја!“, „Испадна голема будала што нè плука и отворено не мрази!“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

     

    Во 2020 година, британската пејачка се најде во центарот на вниманието на јавноста кога на Инстаграм напиша дека: „Косово не е Србија“ и уште повеќе ја налути јавноста во Србија кога го сподели знамето на т.н. „Голема Албанија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img