More

    Обожавател на Тејлор Свифт прво бил ограбен, а потоа избоден до смрт во Рио

    spot_img

    Откако обожавателка на американската пејачка Тејлор Свифт (33), Ана Клара Беневидес (23) почина од срцев удар во текот на концертот на поп ѕвездата во Рио де Жанеиро, трагично почина уште еден обожавател.

    Габриел Монџенот Сантана Милхомем Сантос (25) бил избоден до смрт во обид за грабеж на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, пишува „Сан“.

    Габриел отпатувал во Рио де Жанеиро на турнејата „Ерас“, а бил пронајден на плажата со нараквица за пријателство „Свифти“ на зглобот.

    За убиството на Габриел приведени се тројца осомничени. Странските медиуми јавуваат дека сите тројца веќе имаат криминално досие од претходно.

    Инаку, Тејлор одложи два концерта во Рио де Жанеиро поради трагичната смрт на Ана Клара Беневидес, а на следниот концерт и оддаде почит на починатата обожавателка со песната „Bigger Than the Whole Sky“, во која зборува за незамисливата тага и болка.

    Да потсетиме, температурите во Рио надминаа 38 степени, а Свифт во еден момент го прекина концертот за обожавателите да добијат вода. Фолха тврди дека температурата на стадионот била 60 степени, а пожарникарите наводно им помогнале на повеќе од 1.000 навивачи кои паднале во несвест.

    – Ова го пишувам од соблекувалната на стадионот. Донесовме одлука да го одложиме вечерашното шоу поради екстремните горештини во Рио. Безбедноста на моите обожаватели, уметници и персонал мора да биде и отсекогаш била приоритет – објави Свифт на социјалните мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img