More

    Ова е терористот од Австрија со потекло од Македонија

    spot_img

    Австриската полиција го објави идентитетот на 19-годишникот кој го планирал нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена. Се работи за Беран А., со потекло од Македонија.

    Уапсениот 19-годишник, чии родители се по потекло од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови за иднината“.

    Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека нападот требало да се случи или вечерва или утре.

    „19-годишникот сакаше да предизвика крвопролевање пред стадионот со ножеви, мачети и автомобил и на крајот да се разнесе. Бил во контакт со двајца осомничени помагачи, од кои едниот работел како обезбедување на концертот“, се вели во соопштението за медиумите.

    Во куќата на 19-годишникот пронајдено е различно оружје – мачети, ножеви, потоа детонатори, кабли за палење, 21.000 фалсификувани евра.

    Полициски кучиња го пребарувале стадионот, но засега не нашле ништо.

    – Кукавичкиот план на терористите бил да убијат што повеќе луѓе надвор од стадионот додека го слушале концертот – рече Омар Хаиџави-Пирхнер од ДСН, австриската Управа за државна безбедност и разузнавање.

    Трите концерти на Тејлор Свифт закажани за денеска, утре и задутре во Виена беа откажани поради планираниот терористички напад на стадионот „Ернст Хапел“. Се очекуваше околу 195.000 луѓе да присуствуваат на трите концерти на распродадениот стадион и уште околу 20.000 фанови да ги слушаат концертите надвор од стадионот. Парите за влезниците ќе им бидат вратени.

    Хаиџави-Пирхнер на прес-конференцијата рече дека не побарале откажување на концертот и дека новинарите можат да контактираат со организаторите кои ја донеле таа одлука.

    Истрагата за планираните напади сѐ уште е во тек.

    Каков бил планот на терористите?

    Шефот на Тајната служба на Австрија Омар Хаиџави-Пирхнер објасни како нападот требало да биде изведен.

    – Во нападот требало да бидат користени експлозиви и оружја за сечење и бодење. Тие сакале да убијат што е можно повеќе луѓе. Во куќата на првоосомничениот се пронајдени хидроген пероксид, експлозивни уреди, мачети и ножеви. Експлозивите се уништени на самото место поради нивната опасна природа. И натаму се истражува дали во нападот требало да биде користен автомобил. Нема информации дека има опасност за други големи настани – кажа Хаиџави-Пирхнер.

    Тој додава дека нападите требало да бидат фокусирани на просторот околу стадионот. На секој концерт на Свифт се очекуваа по 68.000 фанови, плус 22.000 надвор од стадионот „Ернст Хапел“.

    – Тој очигледно бил радикализиран и сметал дека е исправно да се убиваат ‘неверници‘ – изјави Хаиџави-Пирхнер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img