More

    Од СДСМ велат дека опозицијата јавно одбила да учествува во работните групи

    spot_img

    Христијан Мицкоски ѝ должи на јавноста одговори што му кажа на бугарскиот премиер Кирил Петков за време на неговата средба, одговори СДСМ откако денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за Дојче веле изјави дека досега немало сериозна понуда од власта за вклучување на опозицијата во преговорите со Бугарија.
    „Особено поради тоа што Христијан Мицкоски едно зборува во јавноста а друго на официјалните средби. ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да вклучи свои претставници во петте работни групи со Бугарија но тие јавно одбија да учествуваат. Наместо да се вклучи во важни процеси од интерес на нашите граѓани и државата и активно да придонесе во барањето решенија за отворените прашања Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избраа да седат на страна“, се наведува во реакцијата од СДСМ во која се додава дека Мицкоски нема државнички капацитет.

    Мицкоски изјави дека Владата не нашла за потребно да информира за содржината на разговорите и дека главните информации се добиваат од медиумите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img