More

    Измените на законот за минимална плата договорени на економско- социјалниот совет денеска се на дневен ред на седница на Собранието

    spot_img

    Измените на законот за минимална плата договорени на економско- социјалниот совет денеска се на дневен ред на седница на Собранието и како што бара владата тие треба да се донесат по скратена постапка.

    Според овие измени, минималната плата со исплатата на мартовската плата ќе изнесува 18.000 денари. Бруто износот на минималната плата ќе го објавува секој март во годината министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење на Економско – социјалниот совет. Исплатата ќе се врши од април за мартовската плата. Износот ќе биде објавен во Службен весник и ќе биде пресметан според нова методологија. Висината на минималната  плата во бруто износ  ќе важи од  март  2022 година, заклучно со исплатата на платата за месец февруари 2023 година.

    Според предложените измени на законот пресметката на минималната плата се врши според два параметра и тоа според порстот на просечната нето изплатена плата  во претходната година и порастот на инфлацијата и тоа:.

    „-50% од порастот на просечно исплатената нето плата во земјата за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика   и

    -50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика“, се вели во измените на Законот.

    Како трет услов за утврување на висината на минималната се додава дека таа не смее да биде под 57 отсто од просечно исплатената нето плата во претходната година.

    „ Висината на минималната плата, утврдена согласно ставот (1) на овој член,  не може да биде пониска од 57% од висината на просечно исплатената нето плата за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика“ се вели во предложените измени.

    При пресметката на платата, што е важно за работодавачите, утврдено е дека просечниот износ на исплатената месечна нето плата за работник кој работи помалку од полното работно време се пресметува сразмерно со бројот на одработените часови во месецот. Дедека пак во просечниот износ на исплатената месечна нето плата за работник, не се пресметува додатокот на плата за прекувремена работа.

    Во законот се додава нова глава со 7 нови членови на членот 4, која се однесува на финансиската помош на работодавците која произлегува од новата висина на минималната плата.

    „ На работодавачот кој ги исполнува условите од овој закон, ќе му се обезбеди финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата (во натамошниот текст: финансиската помош) од Буџетот на Република Северна Македонија, за  периодот март 2022 година  – декември 2022 година,  во износ од 1.197,00 денари.Финансиската помош се обезбедува на    работодавачите за работниците на кои основната плата ќе се исплати до нивото на бруто плата во износ од 26.422,00 денари“,  стои во членот 4-а.

    Член 4-б ги регулра условите под кои се добива оваа помош а тоа се:

    –              работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице.

    –              работодавачот да има статус на активен обврзник, односно да не е во постапка на стечај  или ликвидација или постапка на бришење според Законот за трговските друштва;

    –              работодавачот да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден  од месецот за кој се обезбедува финансиската помош.

    Финансиската помош  се остварува по исплатата на платата за месецот за кој се обезбедува финансиската помош.

    Работодавачот во месечната пресметка за интегрирана наплата што ја поднесува до Управата за јавни приходи, согласно  Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, ги означува вработените лица  за кои бара обезбедување на финансиска помош.

    Управата за јавни приходи обработените податоци ги доставува до Министерството за труд и социјална политика, во рок од 30 дена по истекот на месецот за кој се бара исплата на финансиска помош. Финансиската помош  се исплатува преку Министерството за труд и социјална политика.

    Начинот на обезбедување на финансиската помош   го пропишува министерот за труд и социјална политика, во согласност со министерот за финансии.

    Работодавачот кој ќе добие финансиска помош, согласно одредбите од овој закон, е должен да го задржи на работа работникот за кој добива  финансиска помош најмалку една година по завршување на периодот на добивање на финансиската помош.

    Работодавачот кој нема да го исполни условот е  должен  да ги врати средствата во износ на добиената финансиска помош согласно овој закон, во рок од 30 дена од денот на одјавувањето на работникот за кој добивал финансиска помош, освен во случај на остварување на право на пензија, престанок на работниот однос по вина или волја на работникот или смрт на работникот.

    Управата за јавни приходи врши контрола во остварувањето и користењето на финансиската помош од член 4-а од овој закон.

    Финансиска помош не може да оствари:

    – обврзник кој користи субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за работници, согласно Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 239/19)   и

    -обврзник кој користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за работници, за периодот додека ја користи мерката. “

    Предвидено е подзаконскиот акт со кој се утврдуваат деталите за приемена на овој закон да се донесат во рок од 5 дена од денот на  влегувањето во сила на овој закон.

    Владата во образложението на измените за законот за минимална плата вели дека овие измени биле потребни главно поради  пораст на цените на одделни  производи, кои се од  витално значење за работниците, а со тоа и на  домаќинствата и има влијание и на животниот стандард на истите, се наметна потребата за обезбедување на соодветен модел на усогласување на висината на минималната плата, како и зголемување на истата, од месец март 2022 година.  Зголемувањето  на минималната плата,  ја наметна потребата и за  обезбедување на  одредено ниво на финансиска поддршка за работодавачите за исплата на минималната плата. Оваа поддршка според пресметките на владата за 80.000 работници ќе изнесува 15,3 милиони евра ( 939.645.000 денари) за цела 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img