Објавени се номинациите за 82. доделување на наградите Златен глобус што ќе се одржи на 5 јануари. Филмот „Емилија Перез“ води во номинациите. Крими комедијата, во режија на Жак Аудиар, доби 10 номинации.
Во филмот играат Селена Гомез, Зои Салдааа, Карла Софија Гаскон, Едгар Рамирез и други.
Селена Гомез доби две номинации за Златен глобус – таа е номинирана за најдобра споредна женска улога во филмот „Емилија Перез“ и најдобра главна женска улога во серијата „Само убиства во зградата“ (Only Murders in the Building).
Номинациите ги објави на Инстаграм, а не крие колку е среќна за филмот „Емилија Перез“ и своите колеги кои исто така се номинирани. Карла Софија Гаскон е номинирана за најдобра женска улога во филмот, а Зои Салдана е во конкуренција со Селена за најдобра споредна женска улога. Номинација доби и режисерот Жак Аудиар.
– Честитки на моите од филмот „Емилија Перез“. Зои Салдана, да!!! – напиша таа на својата приказна на Инстаграм. На следната приказна, таа објави видео како го гледа преносот на номинациите. „О Боже мој“, извика додека ја држела раката над устата. За малку ќе заплачела од среќа.
„Не знам ни што да напишам. Толку сум горда на Зои Салдана и благодарна сум за номинацијата и тоа е чест“, додала таа. Таа објави и колку е горда на номинациите кои ги доби серијата „Само убиства во зградата“.