More

    Нутриционистите имаат нови совети за љубителите на популарното овошје

    spot_img

    Бананите се богати со влакна, со витамини и со минерали. Богати се со калиум и со витамин Б6, а не содржат натриум и холестерол.

    До неодамна нутриционистите го препорачуваа ова популарно овошје за појадок. Меѓу друго и затоа што бананите се практични за првиот оброк на денот, како и во секоја прилика, било да ги јадете сирови, или во разни комбинации со друг вид здрава храна.

    Но, некои експерти сепак велат дека бананите треба да се избегнуваат. Еве зошто.

    „Бананите изгледаат како совршена опција за утрinski obrok, но ако размислите добро, ќе сфатите дека бананите што се консумираат сами не се најдобрата опција, бидејќи тие сoдржат 25% шеќер и се умерено кисели. Тие ќе ви дадат брз поттик, но наскоро ќе бидете уморни и гладни. Се разбира, важно е да вклучите овошје и зеленчук во вашата исхрана, а тоа не значи дека никогаш не треба да јадете банани. Само треба да се погрижите да ја комбинирате вашата банана со нешто друго“, вели нутриционистот д-р Дерил Џофти.

    Според него, бананите едноставно не се добри за одржување на нивото на енергија во текот на денот.

    Без балансирање појадокот од банана со здрави масти, многу од придобивките од бананите се губат, додека нивото на шеќер во крвта се зголемува. Наместо тоа, нутриционистот препорачува да ги споите бананите со нешто што ќе ја неутрализира киселината и ќе го забави метаболизмот на шеќерот, што би требало да спречи скокови на шеќерот во крвта и последователни падови.

    „Бидејќи бананите се кисели, ќе треба да ја неутрализирате киселината за да ги добиете придобивките од калиум, влакна и магнезиум без наплив на шеќер“, препорачува д-р Џофти.

    Фото: Unsplash

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img