More

    Комеморацијата заврши со неговата најтажна песна „Таму, таму да патуваме…“

    spot_img

    Жарко Лаушевиќ денеска беше кремиран и погребан на Новите гробишта во Белград. Членовите на семејството, пријателите и бројни колеги му оддадоа почит и се простија од славниот актер на неговото вечно почивалиште.

    Децата на Жарко Лаушевиќ, синот Душан, ќерките Асја и Јана дојдоа на гробиштата за последен пат да се простат од својот татко. Со нив беше и сопругата на Жарко Лаушевиќ, Анита.

    На комеморацијата, бројни пријатели и колегу се збогуваа од актерот и евоцираа спомени од заедничките моменти, настапи и дружби. Комеморацијата на Жарко Лаушевиќ заврши со најтажната песна што ја испеа: „Таму, таму да патуваме…“ и ги остави присутните во солзи.
    Лаушевиќ ја испеа потресната песна од Тино Ујевиќ во филмот „Стела“ во 1990 година, во кој ја играше маестралната улога на Мата Херцег, додека партнерка му беше Ања Шоваговиќ.
    Откако семејството помина одредено време во строга приватност, многу колеги и пријатели во тишина му изразуваат сочувство на семејството.

    Семејството за последен пат се збогува со актерот во затворена капела.

    Жарко Лаушевиќ почина на 15 ноември по тешко и кратко боледување. Имаше 63 години.

    Роден е на 19 јануари 1960 година во Цетиње. Беше еден од најистакнатите филмски и телевизиски актер, добитник на многу награди и важеше за еден од најталентираните актери на својата генерација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img