Николоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ очекува историска победа на изборите

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Денес почнуваме со кампања за парламентарните избори, по мене ова се најбитни избори кои што ѝ се случуваат на Македонија, избори кои што ќе ја определат иднината на Македонија во следните 20 до 30 години. Ние очекуваме убедлива историска победа, победа која што ќе значи комплетно ресетирање на Македонија, борба со криминалот и корупцијата, враќање на националната гордост на Македонците и бројни проекти кои што ги планираме во следниот период“.

Вака говореше од Охрид за ТВ Сител потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Затоа што, да ѝ погледнеме на вистината во очи, во овој момент една мала клика која што е само оптеретена со лични интереси и владее со Македонија и мислам дека е недозволиво, Талат Џафери да продолжи да биде премиер на Македонија, така што битката на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ да освои најголем број пратеници за да може да формира Влада која што нема да биде уценувана од никого – рече Николоски од Охрид каде ВМРО-ДПМНЕ, како што прави традиционално, ја започнува кампањата за парламентарните избори.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има до сега најсеопфатната програма наречена „Платформа 1198″, каде што планираме бројни проекти за цела држава, при што на кратко наброја неколку од нив.

– Планираме целосна децентрализација на финансиите, 250 милиони евра секоја година да се спуштаат во општините. Еве сме сега во Охрид, Охрид секоја година ќе добива осум милиони евра дополнително на буџетот кој што го има општината, тоа се 32 милиони евра за еден инвестициски четири годишен циклус, а тоа е една милијарда за сите општини заедно – рече Николоски.

Во однос на тоа од каде пари за ова, Николоски истакна дека одговорот е едноставен и дека нивната проценка е дека толкава е штетата која што криминалот и корупцијата ја прават на буџетот на Македонија, само тоа да се реши ете ги парите за општините.

– Понатаму, мислиме и на најмладите и на најстарите. За најмладите проектот „Купи куќа” со кој што до 50% ќе се субвенционира изградба на нови куќи или купувања куќи за млади брачни двојки, а за пензионерите исправање на историската неправда и зголемување на пензиите пет илјади денари линеарно – истакна Николоски.

Додаде дека тука се и привлекувањето на странски инвестиции, по што е познато ВМРО-ДПМНЕ, како и стимулирање на домашните инвеститори.

– Но, за сето ова да го направиме, ние мора да го исчистиме криминалот од Македонија. Во моментов, олицетворение на криминалот и корупцијата во Македонија е политичката партија ДУИ. На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија или Македонија ќе се ослободи со влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со Христијан Мицкоски премиер. Тоа е едноставното прашање на кое треба да одговорат граѓаните, затоа повикуваме на голема, масовна, референдумска излезност. Сите кои што се во Македонија да излезат и да гласаат, оние кои што се во дијаспората, доколку можат, исто така да дојдат и да гласаат и на 8 мај да се случат промените во Македонија, за како што велиме, Македонија да е повторно твоја – порача Николоски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article