Никако не смее да помине во Собрание, алармираат инженерите

Lorita
By Lorita 11 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Gas pipelines are pictured at the Atamanskaya compressor station, facility of Gazprom's Power Of Siberia project outside the far eastern town of Svobodny, in Amur region, Russia November 29, 2019. Picture taken November 29, 2019. REUTERS/Maxim Shemetov./File Photo

Пратениците на пленарната седница закажана за в среда во второ читање треба да го разгледаат предлог законот за стратешкиот проект за изградба на когенеративна гасна централа во Скопје во скратена постапка. Стратешкиот инвеститор е грчки „Митилинеос“ кој треба да ја изгради оваа централа во Гази Баба (на просторот на поранешна Железарница, каде што ЕСМ веќе има таква централа) со инсталирана моќност за производство на електрична енергија од 130 до 165 MWe и топлинска енергија од 90-105 MWh. Се очекува годишното производство на електрична енергија да изнесува околу 1.150 MWh електрична енергија и 275 MWh топлинска енергија.

Најавата за нова инвестиција во енергетскиот сектор која ќе ја реализира странска фирма наиде на реакции од страна на енергетичари, експерти и инженери од земјава кои сметаат дека и овој проект како проектот „Чебрен“ треба да го гради државата, а не странски инвеститор кој ќе добие огромен број бенефиции на штета на државата. Дел од нив во постапката за прогласување на стратешки инвеститор за овој проект гледаат коруптивна зделка.

Инвестицијата ќе чини 290 милиони евра од кои 49.750.000 евра ќе даде државата како директна финансиска поддршка. Според она што може да се види од предлог законот државата не планира да добие удел во оваа енергетска инвестиција, но затоа пак државното ЕСМ има обврска да ги купува произведената струја и топлина од инвеститорот. Цената на струјата не е утврдена. Инвеститорот ќе има право на гарантиран слободен пристап до пазарот на електрична енергија и приоритетен пристап до електропреносниот систем со приоритет при диспечирање на електричната енергија произведена од постројката. Дополнително државата се обврзува дека ќе формира нова индустриска зона „Енергија Скопје“ во Гази Баба за која институциите треба итно да реагираат.

Договорот е на 30 години со можност за продолжување или раскинување. Владата се обврзува и дека во период од 10 години од започнувањето со работа, остварените 15 годишни добивки од страна на стратешкиот инвеститор од работата на постројката нема да ги даночи со нови даноци.

„Стратешкиот инвеститор има доставено до Владата банкарска гаранција од 8,7 милиони евра како обезбедување за исполнувањето на обврските на стратешкиот инвеститор во однос на реализирањето на стратешкиот инвестициски проект согласно условите од договорот“, се вели во предлог законот.

Во законот се наведува и дека реализацијата на стратешкиот проект е итна и приоритетна.

„Органите се должни навремено да ги спроведуваат дејствата со цел навремено реализирање на стратешкиот инвестициски проект. Непостапувањето на органите ќе се смета за премолчено одобрување“, се вели во законот.

Експерти, енергетичари и инженери сметаат дека е недозволиво инвестиција од 290 милиони евра, колку што е едногодишна рата за автопатот од коридорот 8 на конзорциумот „Бехтел и Енка“, да ја гради странска фирма. За нив е спорно и тоа што во светски рамки ваква инвестиција е дозволено да изнесува 130 милиони евра, но уште попроблематично е тоа што земјава не знае по која цена ќе ја купува струјата, а на инвеститорот му доделува и финансиска помош од близу 50 милиони евра. Според нив, овој проект од потребен се претвори во корупциска зделка.

Ова е нов „Чебрен“, вели професорот Ристо Цицонков кој смета дека владата и пред крајот на мандатот и во предизборен период се обидува да протне еден ваков крајно неповолен проект за државата.

- Advertisement -
Ad image

– Не сум го видел предлог-законот, но од она што веќе е објавено во јавноста може да се види дека владата по секоја цена сака овој инвеститор да го задржи. Таа му нуди бесплатно земјиште, веќе изградена инфраструктура, го ослободува од даноци и што е крајно нелогично, му плаќа 50 милиони евра за да ја гради централата, се обврзува да ја купува струјата, но не знае по која цена. Тоа навестува дека цената ќе биде берзанска. Па јавно прашувам зошто се прави сето ова и зошто е важен овој инвеститор? Според мене, со вакви бенефиции овој инвеститор треба да ѝ плати на државата затоа што ќе гради централа и остварува сигурни приходи, а не да добие подарок пари за да гради – вели Цицонков.

Тој смета дека овој капацитет треба да го гради државата, бидејќи износот на инвестицијата не е голем и државата може да го поднесе.

И професорот Константин Димитров смета дека овој капацитет треба да го гради државата и во него да бидат вклучени домашни кадри.

- Advertisement -
Ad image

„Во светски рамки, инвестицијата не смее да надмине 130 милиони евра. Имаме примери од соседството за такви реализирани постројки. Дали има коруптивни елементи? Јас не верувам, затоа што членовите на Владата се заколнаа дека ќе му служат на народот! За да му посакаме добредојде на овој стратегиски инвеститор е подготвен Закон за државна помош во износ од 50 милиони евра. Наши пари, собрани од граѓаните, му се доделуваат како стимулација. Кои се придобивките на граѓаните во Македонија, особено во Скопје, со изградбата на оваа постројка? Ќе купуваме електрична и топлинска енергија со гарантирано количество и со пазарна цена (а можеби и малку поскапо). Ако не ја преземеме од редица причини (перфектно наброени во договорот), пак ќе му платиме како да ја произвел и испорачал“, пишува Димитров во својата последна колумна.

Тој прави и пресметка колку пари ќе се трошат од касата на државата на овој стратешки инвеститор.

„За да биде јасно колку треба да му платиме на овој стратегиски партнер на годишно ниво и за време на периодот за концесија, основната пресметка за споредба е цената на АД ЕСМ и просечната пазарна цена: На годишно ниво, како разлика во цените е сумата од 94 милиони евра. За 30 години, таа разлика е речиси 3 милијарди евра (2.825 милиони). Дополнителна придобивка е зголемувањето на емисијата на јаглен двооксид. Ама веќе сме навикнати на оваа состојба“, пишува Димитров.

Маријан Ненов од невладината „Но пасаран“ смета дека и овој проект мириса на корупциска зделка која ќе ја плати народот.

– Ваков проект ѝ е потребен на земјава, но треба да го градиме ние, а не странски инвеститор кој ќе добие низа привилегии кои прават овој проект од потребен да прерасне во корупциска зделка. Со овој проект си ставаме трн во здрава нога – вели тој.

Ненов, како и поголемиот број енергетски експерти смета дека земјава треба сама да гради вакви когенеративни централи кои треба да бидат со помала моќност, но повеќе на број.

– Вакви централи треба да бидат со моќност од 70 до 100 MWe и да се градат на периферијата на градовите кои потоа ќе ја користат топлинската енергија за загревање. Прво да се почне со градовите до кои веќе е дојден гасоводот, а потоа со тек на време и до другите градови – вели тој.

Здружението инженери поддржани и од група граѓани испрати допис до секој пратеник поединечно, со барање да не се даде поддршка на неколку, како што е наведено, штетни предлог закони кои го нарушуваат енергетскиот суверенитет на земјата. Меѓу нив е и гасната  когенеративна централа во Скопје.

Во него се наведува дека, освен 50 милиони евра што ќе ги добие инвеститорот, државата ќе треба да плаќа околу 25 милиони евра годишно за емисија на јаглерод диоксид, но годишно ќе губи по 1,2 милијарди евра колку што ќе заработи инвеститорот за 30 години.

„Македонија годишно ќе губи помеѓу 15 и 35 милиони евра со тоа што цените за електричната и топлинската енергија со која Договорот не обврзува да ги купуваме од „Митилинеос“ се од 15 % до 35 % повисоки од берзанските. Земјата ќе плаќа 10 пати повисока маржа од нормалната за производство на електрична и топлинска енергија бидејќи „Митилинеос“ добива загарантирана маржа на годишно ниво од 43,7 милиони евра за електричната енергија (38 евра/MВч) и 4,4 милиони евра за топлинската енергија (16,2 евра/MWч), или вкупно над 48 милиони евра годишно. Македонија ќе му плаќа на „Митилинеос“ 4 милиони евра годишно за старт на постројката. Инвеститорот добива загарантиран профит од над 40 милиони евра годишно без да има никаков ризик од одлуките на нашиот правен систем, бидејќи со предложениот закон сите одлуки на Врховниот суд ќе бидат неважечки за „Митилинеос“, а штетите од неговото работење ќе мора да ги плати Македонија. Законот за јавни набавки не важи за „Митилинеос“ и во целост се исклучува влијанието на нашата судска власт и надлежност се дава само на Арбитражниот суд во Париз за било каков евентуален спор. Предвидени се бројни пенали што Македонија ќе треба да му ги плаќа на „Митилинеос“ ако не исполни некоја своја обврска од предложениот закон за стратешка инвестиција. Инвеститорот ќе има чист профит од најмалку 1,2 милијарди евра за 30 години колку што трае договорот за стратешко партнерство, а по 30 години не мора да ѝ ја врати електраната на Македонија“, се наведува во писмото.

Покрај оваа гасна централа владата веќе најави дека ЕСМ бара стратешки партнери и за изградба на комбинирани гасни централи во Битола, на местото на РЕК Битола, и во Неготино.

Share This Article