More

    Иран се одмазди за американската акција од петокот

    spot_img

    Најмалку шест курдски борци поддржани од САД се убиени во напад со беспилотно летало врз американската база Ал-Омар во источна Сирија, пренесе Гардијан, повикувајќи се на Асошиејтед Прес. Одговорноста за нападот ја презеде групата Исламски отпор во Ирак(ИРИ), истата група која на 28 јануари изврши напад врз кулата „22“ во американска база во Јордан, по што во петокот следеше жесток американски одговор.

    Групата ИРИ вели дека имала право да одговори на големата американска акција од петокот, во која воздушните сили на САД погодија 85 цели во Ирак и Сирија гаѓајќи проирански борци.

    Шесте курдски борци кои загинаа биле дел од Сириските демократски сили (СДФ) поддржани од САД. Нема информации за жртви меѓу американските војници. СДФ се де факто армија на курдската администрација која контролира област на северо-источниот дел на Сирија што ја нарекуваат Рожава.

    Ал Омар е најголемата база во Сирија на коалицијата предводена од САД, вклучително и СДФ, која беше формирана во 2014 година за да ја победи Исламска Држава откако сунитските џихадисти зазедоа делови од Ирак и соседна Сирија.

    Работејќи под знамето на операцијата Инхерентна решителност, околу 2.500 американски војници сè уште се распоредени во Ирак и околу 900 во Сирија, каде Башар ал Асад, поддржан од Русија и Иран, сè уште не контролира големи делови од земјата од граѓанската војна која започна во 2011 година.

    Размената на оган меѓу Иран и САД се случуваат во момент кога американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Саудиска Арабија во обид да договори повеќенеделен прекин на огнот во Газа и размена на заложниците. Блинкен оваа недела ќе ги посети и Египет, Катар и Израел во врска со ова прашање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img